Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тренчевска: Родовите улоги, поврзани со улогата на девојчињата и момчињата во општството ја создаваат дискриминацијата

/

пред 1096 дена

Сподели преку :

Стереотипите и предрасудите се најголемата причина зошто на пазарот на труд има јаз од дури 20,3 проценти помеѓу мажите и жените, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во вечерашната Топ Тема на Телма.

Овде причините ќе ги бараме во стеротипите, предрасудите, најголем дел од жените се грижат за домот и семејството, особено во руралните средини тој јаз е многу поголем. Невработеноста на жените и мажите во руралните средини е ист, разликата ја чувствуваме кога зборуваме за активноста на жените во руралните средини. Само 37 проценти е вработеноста на жените во руралните средини, значи вклученоста на пазарот на труд. Тоа покажува дека сѐ уште таа усогласеност помеѓу семејните и професионалните обврски во одредени средини кај нас не е присутна.

Уште една причина за тоа е и нивото на образование, според министерката која додава дека девојчињата во одредени рурални средини и заедници не продолжуваат со школувањето по завршувањето на средното образование.

Тоа е причината зошто жените се помалку застапени на пазарот на труд, вели таа.

Според неа, родовите улоги, поврзани со улогата на девојчињата и момчињата во општството ја создаваат дискриминацијата.

Ние имаме задолжително основно и средно образование, тука нема дискриминација. Кога одите понатаму, во високото образование, ќе видите дека вклученост на девојките е многу поголема за разлика од вклученоста на момчињата во високото образование. Магистарски студии, докторски студии, бројките исто така покажуваат дека жените во поголем процент завршуваат и магистарски и докторски студии. Но, во пазарот на труд, на високите раководни позиции се губи таа бројка кај жените, и овде доминантни се, особено на раководни позиции, онаму каде што се креираат политиките, каде што се носат одлуките, доминантна е присутноста на мажите, вели министерката.

Од 55,1 процент неактивни жени, 59 проценти од нив на возраст од 29 до 64 години изјавиле дека се неактивни поради обврските во домот и семејството, потенцираше министерката.

Тоа се поразителни бројки кои што зборуваат за улогата на жените во општеството, заклучи Тренчевска.