Трет неуспешен пробен лет во низа на ракетата Старшип (Starship) на компанијата Спејс Икс (Space X) на американскиот милијардер Илон Маск.
Леталото почна неконтролирано да се врти околу 30 минути по лансирањето поради истекување на гориво, што значи дека се распадна при повторното влегување во Земјината атмосфера.
„Нашите шанси да стигнеме до Индискиот океан се прилично мали“, рече коментаторот на летот на ракетата за време на преносот во живо.











