Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трговците ги формираат цените но под лупа на инспекторите

/

пред 530 дена

Сподели преку :

Од денеска и официјално заврши владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи, што беше во сила од 20 февруари. Со ова, трговците повторно имаат слобода да ги одредуваат цените на повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи, меѓу кои се млекото, лебот, јајцата, брашното, јогуртот и маслото за јадење.

Министерот за економија Бесар Дурмиши најави дека ќе следат теренски контроли од страна на Пазарниот инспекторат за да се следи дали ќе има енормни поскапувања.

Тој и заменик-министерот Марјан Ристески ја оценија мерката како успешна, но оставија отворена можност за нејзино евентуално продолжување, доколку има потреба.

Опозициската СДСМ пак ја критикува власта дека со ваквите мерки само импровизира и создава маркетиншки и привремени ефекти, без долгорочно и системско решение за инфлаторниот притисок. Сега, велат со враќањето на пазарната слобода, постои сериозен ризик од нов бран поскапувања, особено доколку трговците тргнат кон брзо надоместување на загубените приходи.