Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи, наместо ограничување на маржи – одлука во понеделник

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Наместо ограничена маржа на 10 отсто за над 1.000 продукти,  да се состави листа од 100,  200 производи кои граѓаните секојдневно ги купуваат и нивните цени да се намалат. Ова е предлогот на трговците и дистрибутерите до Владата кои сметаат дека ќе помогне да се ублажи скапотијата. Нивните проценки се дека со владината одлука за ограничување се опфатени многу производи и дека некој треба да бидат изземени.  Во понеделник треба да добијат одговор дали нивниот предлог се прифаќа или не.

Над 1.000 производи во секојдневната контрола е многу напорно и не може да се постигне бидејќи се случува, ги вадат картончињата затоа и имаме голем ризик фактор да дојде инспекција и да не биде обележана цената. Има многу труд и ресурси, а резулатот- не може да постигне да се спуштат што подолу цените, за да бидат подостапни за граѓаните, вели Даница Блажевска, претставник од Комората на трговци

На состанокот во Министерството за економија присуствувале и од Комисијата за заштита на конкуренцијата и од пазарна.

Реакцијата од трговците и дистрибутерите дојде откако Владата одлучи да ги ограничи маржите на дел од прехрамбените и непрехрамебените производи, по анализите од пазарна која покажа дека кај некои производи маржата достигнува и до 70 отсто. Со одлуката за ограничување освен оние 73 производи од есенската кошничка,  влегуваат и гелови за туширање, хигиенските влошки, пелени, храна за бебиња, прашоци.

Оваа мерка не се воведува прв пат. И претходната влада ја практикуваше, но, често беше критикувана.

Трговците и дистрибутерите бараат и да бидат вклучени во креирањето на синдикалната кошничка, за која се бара нов начин на пресметка, затоа што според премиерот Мицкоски во нејзе има чудни производи.

Ирена Чачкова