Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три 14-годишни девојчиња и едно 17-годишно ќе одговораат за насилството врз малолетничката во Ѓорче Петров – пријави и за нивните родители

/

пред 156 дена

Сподели преку :

Против четири малолетнички се поднесени кривични пријави за насилство за малтретирањето на нивна соученичка во паркот во Ѓорче Петров. Три од девојчињата имаат 14 години, а една 17 години.
Според пријавата, тие на двапати на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видеозапис и фотографии од насилството објавиле на социјална мрежа. Кривична пријава ќе има и за родителите на инволвираните малолетници.
Тие ќе одговораат за кривично дело „насилство“,  според членот 386 од Кривичниот закон. Во овој член е предвидена казна затвор од три месеци до три години за предизвикување чувство на несигурност, а доколку делото е извршено од две или повеќе лица казната затвор  е поголема.
„На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје,  поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ.
Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од настаните биле објавени на социјална мрежа.Кривичната пријава е доставена до ОЈО Скопје и се постапува согласно Законот за правда за децата. Во текот на утрешниот ден (05.05.2026), СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници“, соопштија од МВР.

Понижувана, физички нападната и горена со цигара од нејзини соученички – дел од насилството снимено и со мобилен телефон

Три недели без исход во истрагата за врсничкото насилство врз девојче од врсници – Тошковски со предлог за МВР „преземање“ мобилни камери на жртви во миг на напад