Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три болници на мета на израелските ловци – Хамас лансираше проектили кон Тел Авив

/

пред 1059 дена

Сподели преку :

Три болници во Газа биле мета на најновите ноќни израелски бомбардирања, тврдат палестински извори. Официјалната палестинска новинска агенција Вафа објави и снимка од воздушен удар во близина на болницата Ал Шифа, пришто шест лица се убиени, а повеќемина се повредени. Објектот, според израелската војска, е засолниште на Хамас, тврдење што го демантира милитантната група. Нападот врз Ал Шифа го потврди и Светската здравствена организација.

Министерството за здравство во Газа објави за пожар, како последица на бомбардирањето, во приземјето на педијатриската болница Ал Рантиси. Според Вафа, на радарот на израелските ловци била и индонезиската болница Ал Авда, северно од Газа. Како одговор на сè почестите цивилни жртви во Газа, Хамас попладнево истрела ракети врз областа на Тел Авив каде се огласија сирени за воздушна опасност. Медицинските служби јавуваат за две жени се повредени од шрапнели.

Израелски воени претставници најавија секојдневни четиричасовни паузи за кои нагласија дека ќе бидат од тактичка природа за цивилите да можат да се движат по безбедносните коридори од север кон југ. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја поздрави таквата израелска објава, но истовремено истакна оти треба да се направи повеќе за затштита на цивилите.

Според податоци на владината Канцеларија за медиуми во Газа, 18 болници од 34 ширум Појасот не работат поради континуираните израелски бомбардирања или поради недостиг на гориво или медицински залихи.

По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел одговори со воздушни кампањи, пред да започне и копнена офанзива. За нешто повеќе од еден месец од почетокот на борбените дејствија, досега се убиени над 10.500 Палестинци меѓу кои над 4.300 деца и над 2.800 жени. Официјалните бројки за загинати во Израел се однесуваат на 1.600 луѓе.

Сашко Димовски