Деца на возраст од 3, 7 и 9 години изгореа во семејниот дом во ромската населба Куршанец кај Чаковец во кој избил пожар. Бебето родено минатата година било спасено.
- Целата заедница е во шок. Ова е непоправлива загуба за семејството и за целата наша населба – вели претседателот на ромската заедница во Меѓимурје, Матјаш Дидо Оршуш во изјава за Хрватските медиуми.
Засега не се познати сите детали и околностите на пожарот. Полицијата излегла на терен и врши увид за утврдување на причините за трагедијата.
Посебно се истражува каде биле родителите во моментот на несреќата.











