Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три лица загинаа, десет се ранети при пукање во супермаркет во Арканзас

/

пред 852 дена

Сподели преку :

Три лица загинаа, а десет други се ранети откако вооружено лице отвори оган во супермаркет во американската држава Арканзас.

Во престрелката со полицијата е ранет и осомничениот, соопштија органите на редот. Престрелката се случила во Фордајс, град со околу 3.200 жители, кој се наоѓа на 112 километри јужно од Литл Рок, главниот град на Арканзас.

За сега не се јасни околностите на пукањето.

Она што е познато е дека меѓу ранетите има и полициски службеници, како и дека осомничениот за пукањето е полесно повреден и приведен. Состојбата на останатите повредени е различна, има и лица со тешки повреди чија состојба е животозагрозувачка и други кои се хоспитализирани со полесни повреди.