Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три нови странски инвестиции во ТИРЗ 

/

пред 1258 дена

Сподели преку :

Директорот на технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, најави денеска на брифинг, три нови инвестиции.

Една во ТИРЗ Скопје, потоа во Штип и во Кичево.

Со трите компании се постигнал договор а со едната на крајот на мај ќе се потпишува, додава Деспотовски.

Сериозен раст на уплатите во буџетот од страна на компаниите во зоните регистрирала Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони.

Велат дека тоа генерално се должи на зголемувањето на бројката на вработени во овие компании.

Исто така од ТИРЗ потенцираа дека динамиката на раст на нето платите во зоните ја надминува динамиката на раст на нето платите во националната економија.

Кај  странските инвеститори помал е и ризикот од недостаток на работна сила во однос на другите места.