Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три земјотреси почувствувани во Македонија по полноќ

/

пред 676 дена

Сподели преку :

Три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани еден час по полноќ.

Според податоците од Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија, првиот во 1часот и 12 минути бил најсилен.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Дојран, на длабочина од 11 километри.

Една минута по првиот земјотрес на истото место следува афтершок со помал интензитет од 2.2 степени.

Десетина минути подоцна, се тресеше и во Скопје, а земјотресот, според првичните информации, бил на длабочина од 13 километри, со јачина од 2.5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ кон Косово.

Дел од граѓаните на социјалните мрежи реагираа дека го почувствувале тресењето во Скопје.

Според нивните написи, потресот бил краток, а дел од нив велат дека непосредно пред земјотресот или паралелно со него, слушнале и карактеристичен звук