Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Триесет години од геноцидот во Сребреница

/

пред 450 дена

Сподели преку :

Денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците, извршен од српските сили во јули 1995 година.

Минатата година Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, осудувајќи го негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Геноцидот во Сребреница, извршен од силите предводени од командантот на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, резултираше со убиство на над 8 илјади луѓе, главно мажи и момчиња, во јули 1995 година.

Според податоците на Меморијалниот центар, во и околу Сребреница се убиени најмалку 8 372 лица, вклучувајќи и жени, девојчиња и постари лица.

Инаку, геноцидот е правно потврден со пресуди на Меѓународниот суд на правдата, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (Хашки трибунал) и Судот на Босна и Херцеговина.

Досега 54 лица се осудени за геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства во Сребреница со вкупно 781 година затвор. Петмина се осудени на доживотен затвор.

Меѓународниот суд на правдата во 2007 година пресуди дека Војската на Република Српска извршила геноцид во Сребреница, додека Србија е прогласена за одговорна бидејќи не го спречила геноцидот.