Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца полицајци се повредени на протест во Париз против полициското насилство

/

пред 1106 дена

Сподели преку :

Тројца полицајци се повредени денеска кога учесниците на протестот во Париз против полициското насилство го нападнале нивното возило.

Шефот на париската полиција Лоран Нуњез на социјалната платформа Икс (Твитер) изјави дека се приведени три лица.

Францускиот министер Жералд Дарманен го оцени инцидентот како „неприфатливо насилство“.

Протести против полициското насилство се одржаа и во уште неколку други градови во Франција.

Во Париз толпата извикуваше „Полиција насекаде, правда никаде“, „Нема правда, нема мир“ и „Правда за Нахел“, тинејџерот убиен на 27 јуни во близина на Париз за време на рутинска сообраќајна контрола на пат. Неговата смрт предизвика бран немири во земјата.