Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца заменици министри сведочеа за скандалот на Онкологија

/

пред 1075 дена

Сподели преку :

Двајцата поранешни заменици министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски, како и актуелната заменичка Маја Манолева, кои сведочеа пред Анкетната комисија за скандалот на Онкологија, тврдат дека немале претходни информации за незаконито или непрофесионално постапување.  Манолева изрази сознанија дека Като системот е проблематичен од самиот почеток – пуштен е во употреба во 2017-та со само една обучена сестра. Опозициските пратеници се сомневаат дека Клиниката `се уште работи во хаос.

Комисии, конзилиуми, укинати одлуки. Опозициските пратеници се сомневаат во тврдењата на власта дека состојбите на Клиниката за онкологија се средени а долговите се преполовени.

Актуелната заменичка министерка Маја Манолева укажува дека актуелното раководство на клиниката работи професионално и дека некои проблеми се таложеле со години. Еден од нив е Като системот кој на брзина е пуштен во употреба 2017-та без обучен кадар.

Пред Анкетната комисија сведочеа и поранешните заменици Илир Хасани и Владимир Рендевски. Објаснија дека немале никакви сознанија за злоупотреби на клиниката ниту пак добиле иннформации или овластувања од министрите.

Пред Анкетната комисија ќе сведочат и други експерти и функционери. Таа треба да утврди евентуална политичка одговорност за пристрасно и несоодветно лекување на онколошки пациенти, посебно со биолошка терапија, како и за други можни злоупотреби.

Соња Николовска