Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца од четворица млади граѓани играат игри на среќа, а најголем дел од нив тоа го прават за забава

/

пред 683 дена

Сподели преку :

Огромен број од младите до 25 години играат игри на среќа, а 17,8% од нив потврдиле дека се зависни. Присуството на голем број казина, лотарии, интернет обложувања и слично ги мамат граѓаните. Во Македонија дури 71% од испитаниците одговориле дека играат игри на среќа и најчесто тоа го прават за забава. Осумдесет и четири отсто од анкетираните одговориле дека познаваат некој кој е зависен од игри на среќа, а поголемиот дел од нив познаваат повеќе од десетина млади луѓе кои се зависни. Според податоците најпосетувани се казината, а потоа следат спортските обложувалници. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето „Младите луѓе и нивните навики за обложување во Македонија“, кое го спроведе ХОБС.

„Во однос на информирањето на играчите на игри на среќа од страна на организаторите на овие игри за опасноста од стекнување зависност само 19,2% од испитаниците кажале дека во објектите каде што играле игри на среќа постојат информации дека може да се стане зависен од овие игри, а 7,5% од испитаниците рекле дека во објектите постојат информации каде може да се побара помош во случај на зависност од овие игри“, изјави Влатко Деков, главен истражувач од ХОПС.

Од здружението ХОБС даваат препораки со кои би се намалила зависноста од коцкање.

„Во постоечкиот закон за игри на среќа да се предвидат обврски за сите приредувачи на игри на среќа за информирање на играчите за опасноста од стекнување зависност од играње игри на среќа како и за тоа каде може да побараат помош во случај на зависност од играње игри на среќа. Во постоечкиот закон за игри на среќа да се предвидат обврските за сите приредувачи на игри на среќа за плаќање данок за финансирање на програми за превенција на зависности, како и на програми за лекување на зависности од игри на среќа“, додаде Деков.

Истражувањето е направено во рамки на регионалниот проект „Младите и коцкањето“ кое го спроведува здружението ХОПС. Резултатите се собрани врз база на онлајн истражување кое се состоеше од прашалник кој го пополнија 214 млади лица до 25 години од Македонија, Србија и Косово.

Тамара Марковска