Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во странство

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Се враќаат тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани. Двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска и според протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен лекарски надзор.

На лекување во странство остануваат 76 пациенти, од кои најмногу во Србија и во Бугарија, а најмалку во Италија и во Полска каде се хоспитализитани по еден пациент.

Во болниците во Скопје има 18 пациенти. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“ шест пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани пет пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница „Систина“ се хоспитализирани тројца пациенти.