Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца загинати, а осум лица повредени во напад на фестивал во германскиот град Солинген

/

пред 788 дена

Сподели преку :

Тројца загинати, а осум лица повредени во напад кој се случи вчера на фестивал во германскиот град Солинген. Сторителот веднаш побегнал од местото на злосторството, кој нападнал случајни минувачи. Мотивот се уште не е познат за јавноста.  Полицијата презема голема акција за  негово апсење .

Нападот бил извршен во центарот на градот каде била поставена сцена за музика во живо во вечерните часови.

Веднаш по нападот имало засилено полициско присуство, полициски хелихоптер и возила како и неколку затворени улици .

„Околу 21:37 примивме неколку повици од сведоци во нашето седиште во Вупертал кои ни кажаа дека маж нападнал луѓе со нож на годишнината овде во Солинген. Три лица загинаа, а најмалку четири лица се тешко повредени’’ – вели Александар Креста, портпарол на полицијата.

Според полицијата, напаѓачот жртвите ги избрал по случаен избор.

„Бев во Дизелдорф во седиштето на полицијата и сфативме дека тоа е планиран напад, а не дивеење. – истакна  Херберт Реул, министер за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Градоначалникот на Солинген вели овој трагичен настан сите ги оставил без сон.

„Синоќа ни беа растргнати срцата. Ние во Солинген сме полни со ужас и тага. Луѓето од овој град се трогнати, многу од убиените и ранетите, погодените имаат семејство, имаат пријатели во овој град. – потенцираше Тим Курцбах, градоначалник на Солинген.

Градоначалникот попладнево ќе има состанок заедно со државните обвинители и министерката за внатрешни работи на Германија, која истакна дека е исклучително вознемирена на социјалната мрежа Х

,,Бруталниот напад на градскиот фестивал во Солинген длабоко не шокираше. Жалиме за луѓето кои на страшен начин беа убиени. Моите мисли се со семејствата на загинатите и тешко повредените.

Нашите безбедносни сили прават се што можат за да го фатат сторителот и да ја утврдат позадината на нападот. Полицијата на Северна Рајна-Вестфалија ја има сета поддршка од федералната влада. Јас сум во постојан контакт со министерот за внатрешни работи на NRW, Хербет Реул и нашите безбедносни власти’’

Утринава се уште има засилено полициско присуство на местото на злостоството. Од полицијата не изнесуват многу детали за напаѓачите. Според германскиот портал Билд, СЕК наводно во раните утрински часови го уапсиле извршителот на нападот.

Нападот се случи на фестивалот на различностите, со кој се одбележа 650 роденден на градот.

Марија Коцева