Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трошоци растат, во април потребни над 1200 евра за да се истурка месецот, во сумата влегува и трошокот за изнајмување стан

/

пред 902 дена

Сподели преку :

Месечните трошоци продолжуваат да растат. Во април, минималната синдикална кошница изнесува 60.212 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија. По ова може да се види дека  во споредба со претходниот месец,  на едно четиричлено семејство сега му се потребни дополнителни 1.214 денари за да ги покрие основните трошоци. Ако на ова се додадат и трошоците за изнајмување стан од 60 квадратни метри, синдикалната кошница надминува  1.200 евра.

Според, пресметката на ССМ, најмногу пари во месецот или нешто над 22 илјади денари, едно четиричлено семејство троши на храна и пијалаци.

За облека и обувки 4.866 денари, односно 8,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014 денари или 10 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари или 3 отсто, за здравје 1.059 денари или 1,8 отсто, за транспорт 5.068 денари, односно 8,4 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во април годинава му биле неопходни 3.004 денари, односно 5 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.378 денари или 7,3 отсто, за образование 6.955 денари или 11,6 отсто, за ресторани и хотели 3.890 денари или 6,5 отсто, а за останати стоки и услуги 950 денари, односно 1,6 отсто.