Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трошоците за живот повисоки за околу 5 отсто, најмногу поскапеле транспортот и храната

/

пред 117 дена

Сподели преку :

Трошоците за живот во мај во однос на мај лани се зголемени за 4,8%. Трошоците на мало скокнале повеќе од општата инфлација и се зголемени за 5,6%.

Од бројките на статистика може да се види дека најголем скок се забележува кај транспортот од 11%. Храната поскапела за 4,5. Најголемо поскапување се забележува кај месото од речиси 9%, маслата 6,7%, безалкохолните пијалоци исто 6,7%, цените на овојшето пораснале за 4,2%.

Поскапеле рестораните, услугите за сместување, здравствената заштита, облеката и обувките, услугите за образование.

За сега освен за горивата ,не се применуваат други мерки за прехранбените производи. Неколку пати одговорите на надлежните на оваа тема беа дека ќе се чека анализата на пазарна која покажа минмално зголемување на цените а негде дури и намалување. Потоа се соопшти дека се чека податокот за инфлацијата.

Премиерот во неколку наврати кажа дека се разгледуваат и други мерки , без да открие какви. Министерот за економија и труд  пак соопшти дека ако има потреба во игра е намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.