Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трпеле мобинг, уцени и закани и бараат повлекување на одлуката за новата директорка – протест на наставниците во единственото средно училиште во Виница

/

пред 744 дена

Сподели преку :

Над 80 отсто од наставниците, стручните служби и техничкиот персонал во единственото средно училиште во Виница денеска протестираа. Тие ја бојкотираа наставата, бидејќи на местото на разрешениот директор назначена е нова в.д. директорка. Тврдат дека изминатите години трпеле мобинг, уцени и закани. Побараа градоначалникот да ја повлече одлуката за новата директорката.

Педесет вработени од вкупно 65 претпладнево биле на средба кај градоначалникот на Општина Виница. Градоначалникот Петков вели дека се констатирани неправилности во работењето кај претходниот директор, затоа е разрешен и назначен е нов.

Петков најави дека во наредниот период ќе има јавен оглас на кој може да се пријават сите кандидати кои ги исполнуваат условите за директор на виничката гимназија.

Викторија Јованова