Незгодна ситуација и црна дамка врз Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), оцени Горан Трпеноски, поранешен член на ДКСК, за истрагата што се води против претседателката на комисијата за оддавање на службена тајна.
„Заради постапка на една личност, сметам дека целата институција не треба да биде заложник. и целата институција да смета дека е осомничена за корупција или, не знам, нефункционалност. Комисијата може да работи и без претседателката , има заменик што ќе ја заменува, членовите. Добар секретаријат има, добро е подготвен. Се надевам дека членовите ќе успеат да ја вратат довербата и дигнитетот на институцијата“, рече Трпеноски.











