Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трубарево по пожарот: Лоша миризба, затворени домови и страв за иднината

/

пред 399 дена

Сподели преку :

Лоша миризба, празни улици, по некој пешак и автомобил, и камиони кои постојано носеа песок за затрупување.

Ова е денешната слика по вчерашниот голем пожар кој што ја зафати фабриката за рециклирање електронски отпад и пластика во Трубарево. Најголем дел од жителите се затворени во своите домови, никој од нив не заминал. Но, ако ваквата состојба трае подолго време размислуваат да одат кај свои блиски роднини.

Оние кои ги сретнавме ни кажаа дека за евакуацијата слушнале на телевизија, но никој не тропнал на нивните врати за да ги праша дали сакаат да заминат.

  • -Не ги напуштаме домовите има опасности има и блиски куќи тука се интеревира има многу камиони и од комшиите помагавме. Тука сме не одиме  не ни понудија дома сум со децата. Миризбата е многу важна сега мириса ја би останал кај да одам. Во центарот за обука немам намера нека одат они, вели жител на Трубарево
  • Ни рекоа да се евакуираме ако имаме каде или да не излегуваме надвор. КОга сме дома не се осека миризба. Не ни понудил никој во центарот за обуки,. Комшиите не сум ги видел може се на викенд…
  • Кој за што дошол за било што никој не доаѓа само за избори кога има: ќе останеме кај ќе одиме Но ако видиме дека не е во ред ако затреба ќе одиме, додава друг жител на Трубарево.

Патот кој води до местото каде изгоре фабриката беше под силно полициско обезбедување. Со посебен план за работа се пропуштаа камионите кој носеа песок за затрупување на критичните места.

Од противпожарната служба велат дека 80 отсто од работите се завршени. Сите пожарникари се добри и никој не побарал помош, што е исклучително важно за вакви пожари.

 

Мирисот веќе е интензивно намален го нема оној препознатлив мирис кој беше на почетокот на пожарот. Се надевам до крајот на денот целосно ќе биде затрупано и обезбедено како депонија од која нема да има исчадување од нејзе, изјави Звонко Томески, командир на скопска пожарна

Премиерот Мицкоски пак уверува дека од институциите  добил податок дека загадувањето е намалено.

Последните мерења што ги прави и армијата и ИЈЗ велат дека немаме големо вонредно загадување, односно ако вчера беше на мерна единица помеѓу 8 и 9 сега е помеѓу 5 и 6 повторно го има но не е вонредно, зборувам околу местото од 100 метри каде што се случи овој пожар, рече премиерот Христијан Мицкоски

Револтирани од она што се случи, жителите од ова населено место велат по оваа катастрофа никогаш повеќе нема ништо да биде исто. Во фабриката велат со години се носи секаков отпад акумулатори, батерии фрижидери, телевизори стари транзистори, но и други работи.

Ирена Чачкова