Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тумановски: Ветингот е задоцнета работа- ова е целосно растурање на правосудството

/

пред 1377 дена

Сподели преку :

„Сметам дека изборот со Советот за јавни обвинители треба да биде потранспарентен, јавноста да знае за какви кандидати станува збор, да се знае што имаат кандидатите направено предходно. Во стратегијата 2023-2027 стои дека истакнат правник не може да биде човек којшто не го познава јавноста, поточно правосудната јавност“, истакна адвокатот Александар Тумановски во вечерашната Топ Тема.

Според него Сега е момент да се ресетира судството, има недостиг на судии. Тоа што не се направи проверка 2018, гледаме ветингот во Албанија што се направи, но кај нас ветингот е задоцнета работа.

Во однос на предвреме положениот правосуден испит на синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет, адвокатот Тумановски, потсети дека предходно имавме многу поголем скандал, кандидати со влез во академија кои имаа фалсификувани дипломи за англиски јазик. Дел од нив веќе имаат и завршено. „Тука државата не се потруди тие кандидати да немаат пристап до правосуството бидејќи веќе направиле криминал. Ова е целосно растурање на правосудството“, вели Тумановски.

„Во самиот Закон за полагање на прав стои забрането е предвремено полагање на правосудсниот испил пракса едена или две години. Не се согласувам со ДКСК дека нема документација. Тоа се гледа од Уверението кога полагал, дипломата која ја добил“, рече во вечерашната Топ Тема на Телма Вера Коцо врховна судијка во пензија.