Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тумановски во Топ Тема: Независното судство е утопија- Имаме судови кои не можат да платат струја и вода

/

пред 1377 дена

Сподели преку :

„Независното судство е утопија. Треба да бидеме реални со што се соочува тоа судство. Имаме судови кои не можат да ги платата режиските трошоци, стуја, вода и слично. Има точно определен буџет кој треба да му се дели на судството, но тоа не го добива тој буџет, не го добива ни обвинителството. Кога зборуваме за самостојно судство треба да зборуваме и независно обвинителство. Тие кубурат со кадри, со плати…“, смета адвокатот Александар Тумановски.

„Да тргнеме од изборот на судиите, членовите на Судскиот совет, кој е составен од 15 члена без оние двајца што се по функција, осуммина се бираат од редовите на судиите на судски избори, а другите петмина се бираат од законодавниот дом, двајца по предлог на Претседателот на државата. Дали законодавниот дом ја исполнува својата обврска при изборот на истакнат правник за член на судскиот совет? Институтот за човекови права којшто ја следи работата на Судскиот совет, па сега и на Обвинителскиот совет, кога се носеше Законот за Сусдски совет, настојуваше да се внесе во него формулацијата – што значи истакнат правник. Значи правник докажан во својата професија или наука или да има самостојно јавно делување. Ете тоа е истакнат правник“, рече во вечерашната Топ Тема на Телма Вера Коцо врховна судијка во пензија.