Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Турција почна преговори со Москва за обновување на испораките на жито

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Турција почна да преговара со Москва за обновување на испораките на жито од украинските пристаништа, oткако Русија ненадејно го прекина учеството во Црноморската иницијатива за жито на 29 октомври. Поради ваквата одлука, 218 товарни бродови во моментот се во мирување, а од нив 95 се натоварени со жито.

Во текот на изминатите две недели, Русија почна да се сомнева за потпишување на продолжувањето на договорот, кој истекува кон крајот на ноември. Москва излезе од договорот по нападот на Црноморската флота во окупираниот Севастопол.

Западните земји, таквиот потег на Путин, го оценија како уште една уцена, како и дека преговорите со Русија не функционираат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, ја обвини Русија дела го ставила светот на работ на криза со храна.