Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Tуристите и покрај високите температури не се откажуваат од прошетките во Рим

/

пред 450 дена

Сподели преку :

Колосеумот и Римскиот форум во Италија и оваа лето преполно со луѓе. И покрај високите температури туристите се обидуваат да се освежат со шишиња вода и подвижни вентилатори додека чекорат и разгледуваат наоколу. Некои од нив дури и се посипуваат со вода со цел да се разладат.

За Масимо Де Филипис кој е еден многуте туристички водичи – жешкото време претставува вистински предизвик.  Носење на шапки, очила за сонце, како и пиење на вода и бавно темпо на чекорење, се едни од неговите препораки кои секојдневно ги посочува на туристите.

„Тешко е, искрено, тешко е, нема да лажам, но се обидувам да вклучам позитивен начин на размислување и став. Се обидувам за време на турата, во просек секоја тура да трае околу три часа и се обидувам да вклучам што е можно повеќе места под сенка“ рече туристичкиот водич Масимо Де Филипис.

Сепак љубопитните посетители и покрај високите температури не се откажуваат од прошетките.

„Не одиме брзо, се грижиме да пиеме многу вода. Фонтаните што се тука го олеснуваат снабдувањето со вода. Доста е пристапно“ вели туристка од Масачусетс.

Според Оддел за истражување на „Статиста“ Колосеумот годишно е милионски посетен, ѝ е рангиран како најпосетувана културна атракција во Италија за 2024 година.

Теа Димковска