Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Туристка која бараше вода од чешма во хотел со 5 звезди, го изгуби случајот пред Врховниот суд во Италија

/

пред 125 дена

Сподели преку :

Највисокиот суд во Италија пресуди дека хотел со пет ѕвездички на Доломити постапил законски кога одбил да даде вода од чешма на турист.

За време на скијачката сезона во 2019 година, туристка побарала вода од чешма во ресторанот на хотелот. Но, келнерот ѝ дал само флаширана минерална вода во вредност од 7 евра.

Жената се жалела тврдејќи дека одбивањето да и се даде вода од чешма, е спротивно на правата на потрошувачите, затоа што водата е природен ресурс и универзално човеково право. Таа поднела тужба против хотелот барајќи 2.700 евра надомест за ментална болка и финансиска загуба.

Жената тврдела дека водата од чешма е основен дел од хотелската услуга, тврдејќи дека тоа е нормална услуга како да имате ќебе на креветот во собата или сапун во бањата.

Сепак, Врховниот суд на Италија го отфрли нејзиното барање, пресудувајќи дека италијанскиот закон не ги обврзува хотелите или рестораните да им обезбедуваат бесплатна вода од чешма на клиентите. Според судот, одлуката дали да се обезбеди вода од чешма или не спаѓа во правата на соодветниот бизнис.