Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Твитер ќе плати казна од 150 милиони долари за користење на личните податоци на корисниците за целно рекламирање

/

пред 1592 дена

Сподели преку :

Твитер се согласи да плати казна од 150 милиони долари за да ја реши тужбата за заштита на личните податоци, објавија новинските агенции, повикувајќи се на американското Министерство за правда.

Владата на САД ги обвинува социјалните медиуми за прекршување на одредбите на Федералната трговска комисија со тоа што ги доведува во заблуда своите корисници за степенот до кој тие ги заштитиле нејавните информации поврзани со нивните лични податоци.

Во тужбата поднесена вчера пред судот во Калифорнија се тврди дека Твитер им кажал на корисниците дека собира лични информации – телефонски броеви и е-пошта – за да ја осигура безбедноста на нивните сметки, но не ги информирал дека овие информации ќе се користат и за насочени реклами.

Прекршувањата се од периодот мај 2013 – септември 2019 година. Твитер, исто така, наводно лажел, тврдејќи дека се придржува до принципите за заштита на доверливоста договорени меѓу САД и ЕУ, и САД и Швајцарија, забранувајќи им на компаниите да обработуваат информации за потрошувачите на начин за што не дале согласност.

Нелегалното практикување на Твитер погоди повеќе од 140 милиони корисници и на компанијата и донесе многу големи приходи.