Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен 30-годишен маж кој пукал во нога на девојка – драма во Башчаршија во Сараево

/

пред 959 дена

Сподели преку :

Дваесет и тригодишна девојка е повредена попладнево во пукотница во центарот на Сараево, поточно во Башчаршија. Осомничен за инцидентот е 30-годишен маж кој е уапсен од полицијата.

Според портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Кантон Сараево, пукањето се случило околу 16:30 часот. Притоа девојката се здобила со повреди во десната потколеница и веднаш е хоспитализирана на универзитетскиот Клинички центар во Сараево.