Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен Бедри Бериша – треба да издржува затворска казна, иако се најде на список за помилување на екс претседателот Пендаровски

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Бедри Бериша алиас Зекири бил уапсен денеска во акција на АНБ и на МВР. Претходно за него беше издадена потерница, а се поврзува со скопскиот нарко клан Барон.

Пред пет години бил запрен и приведен на граничниот премин „Блаце“, но по интервенција на полициски началник бил пропуштен, пред да се утврди дека по него има распишана потерница.

Од МВР за Телма потврдија дека уапсениот бегалец за кого има затворска казна за обид за убиство е префрлен во полициска станица во Скопје.

Инаку тој пред три години доби негативно мислење за помилување од министерството за правда, иако се најде на списокот на затвореници кои ги помилувал тогашниот претседател Стево Пендаровски. Тој се бараше за издржување на затворска казна за две дела и вкупно пет години затвор.