Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша

/

пред 1079 дена

Сподели преку :

Зетот на Сали Бериша поранешниот премиер на Албанија е уапсен денеска во Тирана, соопштуваат албанските медиуми.

Јамарбер Малтези бил уапсен во моментот кога пристигнал на аеродромот со цел да патува надвор од земјата. Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, објавија медиумите во Албанија.

Според пишувањата на албанските медиуми, Малтези бил дел од истрагата на обвинителството во случајот за приватизацијата на фудбалскиот клуб Партизани.

Во врска со ова прашање, на Сали Бериша му е одредна безбедносна мерка „задолжително јавување“, а му е одземен и пасошот.

Пред две години поради вмешаност во корупција, САД ги прогласи за непожелни Сали Бериша и неговото семејство.