Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсени девет лица по синоќешните протести во Нови Сад

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Девет лица се уапсени за време на синоќешниот протест во Нови Сад, се вели во заедничкото соопштение на Вишото и јавното обвинителството во Нови Сад, во кое пишува и дека се сторени неколку кривични дела. Меѓу приведените е и Миша Бачулов, советник од граѓанското здружение „Биди херој“.

Според наводите на обвинителствата, за време на протестот дошло до насилство и уништување на имот, меѓу кои објектот на градското Собрание во Нови Сад, влезот на Прекршочниот суд и простории на владејачката Српска напредна странка. Во соопштението де додава и дека е забележано и кинење на државното знаме, како и напад врз неколку полициски службеници.

Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, вчера во 18 часот започна голем граѓански протест. По обраќањето на организаторот, демонстрантите се упатија кон Градското собрание. Атмосферата особено се вжешти пред просториите на Српска напредна партија и пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа со камења и боја.