Девет лица се уапсени во Таџикистан поради сомнеж за вмешаност во терористичкиот напад во Москва, дознава „Ројтерс“. Тамошните безбедносни служби собраа членови на четворицата Таџикистанци ки се осомничени дека го извршија нападот во „Крокус сити хол“, со цел руските истражители да направат информативни разговори со нив.
Осомничените се уапсени во градот Вахдат и веднаш се транспортирани во престолнината Душанбе.
Во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва загинаа 143 лица, а најмалку 360 беа повредени.











