Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиецот на братот и снаата во Стајковци доби 20 години затвор

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Кривичниот суд денеска го осуди на казна затвор од 20 години обвинетиот за двојното убиство во Стајковци на 14 мај годинава. Обвинетиот се товареше дека на свиреп начин и при вршење семејно насилство со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи.

По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе, започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.