Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиен 41 член од иста фамилија – министерството за здравство во Газа по утринските израелски напади

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Во израелско бомбардирање на куќа во централниот дел на градот настрадаа 41 член од иста фамилија, соопшти министерството за здравство на Газа. Министерството објави и список со имиња на 41 член на фамилијата Малка. Сите се убиени во нападот што се случил утрово во населбата Зајтун, во Појасот Газа, пренесува АФП.

По објавата на веста за страдањето на толку голем број на членови на иста фамилија, корисниците на социјалните мрежи го споделуваа и на своите профили. Тие ги осудија, како што пишуваат, „злосторствата на окупацијата“ која истреби цели фамилии и ги избришала од евиденцијата на матични книги.

Министерството за здравство во Газа повеќе пати нагласуваше дека десетици палестински семејства се целосно избришани од матичната евиденција во Појасот Газа, откако нивните членови смртно страдаа во израелската офанзива која трае 44 дена.

Во израелските напади досега се убиени 13.000 Палестинци, меѓу кои 5.500 деца и 3.500 жени, а над 30.000 луѓе се повредени.