Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиен полицаец, повредени пет лица – пукање во болница во Пенсилванија

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Еден полицаец загина, а пет лица се повредени, кога маж упадна во болница во градот Јорк, во американската сојузна држава Пенсилванија, отвори оган и зел медицински работници како заложници, соопштија локалните власти.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачот е идентификуван како Диоген Архангел Ортиз (49), кој бил убиен при интервенција на безбедносните сили, пренесува „Си-Ен-Ен“.

„Двајцата полицајци кои беа ранети при интервенцијата во моментов се во стабилна состојба. Лекар од интензивна нега, медицинска сестра и чистач се здобија со прострелни рани, а четвртиот вработен е повреден при пад“, изјави окружниот обвинител на округот Јорк, Тим Баркер на прес-конференција.