Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиени двајца ирански врховни судии, напаѓачот се самоубил

/

пред 640 дена

Сподели преку :

Двајца судии на иранскиот Врховен суд се убиени денеска во зградата на судот во Техеран од вооружен маж кој потоа извршил самоубиство.

Како што објави порталот на иранската судска власт „Мизан“, напаѓачот вооружен со пиштол влегол во канцеларијата на судиите и пукал, по што се самоубил.

„Мизан“ наведува дека се убиени судиите Мохамад Могисех и Али Разини. Локалните медиуми јавија дека е повреден и телохранител на еден од судиите. Нема информации за мотивите на сторителот.

Иранските опозициските веб-страници објавија дека Могисех во минатото учествувал во судења на политички затвореници.