Најмалку 2.750 Палестинци се убиени, а 9.700 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти министерството за здравство во Газа, пренесува „Ројтерс“.
Израел во текот на ноќта изведе најмалку 50 напади врз цели во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на израелскиот ТВ Канал 12.
Мета на нападите биле набљудувачници, командни центри и ракетни лансери.











