Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убил шестгодишно момче, тешко ја повредил неговата мајка – обвинение за убиство и злосторство од омраза во Илиноис

/

пред 1083 дена

Сподели преку :

Седумдесет и едногодишен маж од Плејнфилд, во американската сојузна држава Илиноис, е обвинет за убиство и злосторство од омраза, откако избодел шестгодишно момче и неговата мајка само затоа што се муслимани. Момчето почина како последица на повредите, додека мајката е тешко повредена.

„Детективите успеаја да утврдат дека двете жртви на бруталниот напад биле мета на осомничениот, затоа што биле муслимани, како и поради актуелниот блискоисточен конфликт меѓу Израел и Хамас“, се наведува во соопштението на канцеларијата на шерифот на округот Вил.

Полицајците на лице место го затекнале 71-годишниот осомничен како седи пред куќата, додека двете жртви биле внатре, со преку 10 убодни рани по телата.