Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Училиштата имаат обвска да работат и со родителите, смета Јавенска – Брзото прекинување на одредена образовна програма не може да даде ефект

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Најчесто се менуваше програмата во основното образование, истражувањата покажаа дека во однос со другите земји, македонските училлишта имаат 900 часа помалку кај децата до 15 годишна возраст.

  • Кога и да се каже ова во јавноста реакциите дека е тоа премногу и дека е претешко, но ние децата ги подготвуваме на пазарот на труд, истакна министерката за образование Јаневска во вечерашната Топ Тема.

Според неа законите и програмите се нешто менливо, еве „во гимназиското образование беа програмите 20 години стари, а потребите на општеството и пазарот на труд се промениле“.

  • Брзото прекинување на одредена образовна политика и воведување на нова образовна политика или програма не може да даде ефект. Од минатото научивме дека некаков континуитет мора да задржиме, вели Јаневска.

„За жал мислам дека целокупната општествена ситуација, настаните кои ја следат Македонија од нејзиното формирање до ден денес влијаеја целокупниот образовен систем и на сите чинители кои го сочуваа тој образовен систем, почнувајќи од учениците, родителите, наставниците како најважна алка во тој систем, администрацијата дали училишна локална или централна, рече Јаневска и додаде како целото општество негативно да влијаеше на образовниот систем и случувањата во тоа општество ги демотивираа сите.“

Таа истакна дека „тоа ќе го промениме релативно едноставно но, не многу брзо. Ги менување програмите. Учениците се глинен материјал во рацете на наставниците, а учениците се во конфликтна ситуација меѓу родителската и училишната атмосфера. Училиштата имаат обвска да работат и со родителите“, истакна Јаневска.