Неофицијално, учителка од основно училиште е меѓу приведените заедно со дилерите на дрога при големата полициска акција која беше спроведена доцна синоќа.
Според првичните информации, уапсени се дилери на амфетамин, а меѓу уапсените е и учителка во основно училиште.
Полициската акција се однесувала на сузбивање група улични дилери осомничени за дистрибуција на амфетамин. Од полицијата велат дека со повеќе детали ќе излезат подоцна.











