Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА ја казни Шкендија со 20.000 евра за транспаренти со неспортска содржина во мечот против Шелбурн

/

пред 341 дена

Сподели преку :

Шкендија ќе треба да плати 20.000 евра за транспарентите со неспортска содржина што ги истакнаа нејзините навивачи во мечот од второто коло во групната фаза на Конференциската лига против ирски Шелбурн. Ова е казната што попладнево ја изрече Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за тетовските „црвено-црни“.

Покрај паричната казна, од Нион и предупредување за делумно затворање на стадионот на натпреварите на Шкендија на домашен терен. Ова, сепак, е условна, и ќе стапи на сила доколку во следните две години се повторат слични прекршувања на регулативите и етичките норми на УЕФА.

Клубот од Тетово попладнево соопшти дека го примил решението на дисциплинското, етичко и контролно тело на УЕФА, во врска со истакнувањето транспаренти кои, според проценките на европската куќа на фудбалот, не биле во согласност со спортскиот дух.

С.Д.