Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УХМР: Високи водостои на Вардар и на Треска, внимателно движење покрај реките

/

пред 233 дена

Сподели преку :

Oд УХМР, предупредуваат за високи водостои на реката Вардар во горниот дел на течението, како и на реката Треска.

Од таму велат дека и натаму има опасност од излевање на овие две реки. Во западните делови водостоите на реките се во опаѓање, и се очекува тој тренд да продолжи.

Во источниот дел од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот има во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица.

Според УХМР денеска изутрина се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението, предупредуваат на внимателно движење покрај реките.