Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЈП спречи измама вредна над 160 милиони денари- нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ

/

пред 1001 дена

Сподели преку :

Управата за јавни приходи објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход.

Лукаревска вели спречена е измама вредна над 160 милиони денари по основ на ДДВ, а по основ на личен доход сумата изнесува речиси 19 милиони денари.

Даночните инспектори ги прочешлале документите кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало кои пристапиле кон изигрување на законите.

Покрај тоа што затајувале данок ја смениле и основачката структура, кај едниот даночен обврзник сопственик станува лице од Хрватска, а во другиот случај државјанка од Косово.

Но кај првата и третата фирма како првичен основач се јавува исто лице од Македонија кој во меѓувреме си го променил презимето.