Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелација ја укина пресудата за Лидија Димова но, нејасно е за кои дејствија е ослободена, а за кои осудена

/

пред 185 дена

Сподели преку :

Скопска Апелација ја укина пресудата за поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, која лани доби две години затвор.

Кривичниот суд и изрече затворска казна за делото злоупотреба на службената положба. За другото дело „измама“ на штета на средства на Европската заедница, Димова доби ослободителна пресуда. Судиите од повисокиот суд оцениле дека е нејасно за кои дејствија е ослободена, а за кои осудена.

  • По повод жалбите и по службена должност,  пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во обжалениот осудителен дел и во обжалениот ослободителен дел од изреката е укината поради сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка во поглед на фактите што ги чинат обележјата на предметните кривични дела кои и се ставаат на товар на обвинетата, со што со првостепената одлука е нејасно за кои дејствија обвинетата Л.Д. од С. е огласена виновна, а за кои дејствија е ослободена од обвиненијата- Апелационен суд Скопје.

На изречувањето на првостепената пресуда судијката образложуваше дека во Агенцијата спротивно на закон биле ангажирани надворешни соработници и експерти обучувачи, дека била ангажирана фирма за реновирање на деловен простор без објавен оглас со преговарање, а неправилности лоцираше и во процедурите за пресметка на дневници за службени патувања во странство.

По пресуда Димова во изјава за медиумите рече дека е збунета, затоа што од една страна е ослободена од обвинението дека направила штета на европски пари, а од дурга страна е осудена дека не се придржувала до процедурите и смета дека станува збор за политичка игра.

Елена Ивановска Мукоска

Б.С.