Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина бара нови кредити по одлуката во американскиот Конгрес

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Украина е во преговори со меѓународните кредитори во врска со реструктурирање на својот долг и бара начини да позајми повеќе пари, објави Ројтерс.

Таквиот потег на властите во Киев доаѓа по одлуката на американскиот Конгрес да изостави дополнителна помош за Украина од својот последен Закон за потрошувачка.

Украина должи 20 милијарди долари на сопствениците на обврзници кои во август во 2022 година се согласија да ги замрзнат исплатите на две години.

Но, комесарот за јавен долг, Јуриј Бутса неформално ги контактирал доверителите со цел да разговара за ново одложување, јавува Ројтерс, повикувајќи се на три извори кои се запознати со ситуацијата.

Официјалните преговори би требало да започнат на почетокот на 2024 година, но Киев сака „што е можно поскоро да го искористи пазарот“, изјави еден од изворите.

Обновување на долгот на земјата беше дел од условот за заем од 15,6 милијарди долари што го одобри Меѓународниот монетарен фонд во април.

Украина сака да издаде нови обврзници на постоечките сопственици во рамки на прдедложеното реструктурирање на долгот.