Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина ги зголемува трошоците за домашно оружје за да помогне во одбивањето на Русија

/

пред 941 дена

Сподели преку :

На Украина и треба секаква предност што може да ја добие за да ја одбие Русија од нејзините намери да ја окупира украинската територи.

Светла точка е малата, но брзорастечка одбранбена индустрија на Киев, која владата ја преплавува со пари со надеж дека напливот од домашно оружје и муниција може да помогне да се сврти текот на војната.

Напорите нагло се зголемија во текот на изминатата година, бидејќи САД стагнираа со испораака на оружје и друга помош за земјата која се бори со многу поголема војска поддржана од просперитетна домашна одбранбена индустрија.

Украинската влада буџетираше речиси 1,4 милијарди долари во 2024 година за купување и развој на оружје дома – 20 пати повеќе отколку пред целосната инвазија на Русија.

Огромен дел од оружјето сега се купува од фабрики во приватна сопственост.

Тие никнуваат низ целата земја и брзо ја преземаат индустријата во која со децении доминираа државните компании.

Сепак, како и многу аспекти на воениот апарат на Украина, нејзиниот одбранбен сектор е ограничен од недостаток на пари и работна сила – и, според дел од експертите преголема владина бирократија.