Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина најави рекорден увоз на струја

/

пред 892 дена

Сподели преку :

Украина планира рекорден увоз на електрична енергија од пет европски земји, откако пријави голема штета на нејзината енергетска инфраструктура поради руски ракетни напади, објави Министерството за енергетика.

Се очекува увозот да се зголеми на 19.484 мегават часови (Mwh), надминувајќи го рекордот од 18.649 Mwh на крајот на март, по првиот бран руски напади врз енергетскиот сектор на Украина.

-Секојдневно се соочуваме со значителен недостиг од електрична енергија. Причината за тоа е масовната штета на нашите електрани, кои веќе не можат да произведуваат доволно електрична енергија како во периодот пред нападот, објави националниот оператор Укренерго.

Министерството за енергетика додава дека планира да увезува струја од Романија, Словачка, Полска, Унгарија и Молдавија