Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина одбележува 1000 дена од почетокот на војната

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Украина денеска одбележува 1.000 дена од почетокот на руската инвазија, која започна на 24 февруари 2022 година.

За време на конфликтот, загинаа илјадници украински граѓани, а над шест милиони луѓе станаа бегалци.

Популацијата на Украина е намалена за една четвртина, а конфликтот се оценува како најголем во Европа од Втората светска војна.

Кремљ го отфрлил мировниот план на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој предлагаше замрзнување на фронтот и мирни преговори.

Меѓувреме светските медиуми објавија дека администрацијата на претседателот Бајден ја одобрила употребата на американски ракети ATACMS од Украина за напади длабоко во руска територија, нешто што САД засега не го потврдиле официјално.

Во јужната област на Херсон, неделава започна со комеморации по повод две години од ослободувањето на градот.

Овој момент беше голем пресврт во војната за Украина, кога тие ги истераа руските сили и го ослободија градот од окупација.

Херсон беше окупиран од руската армија по почетокот на војната во февруари 2022, но по контраофанзивата на Украина, западните делови на регионот, вклучувајќи го и самиот Херсон, беа ослободени девет месеци подоцна.

Локалните власти велат дека, и покрај постојаната опасност, луѓето се враќаат во градот, и сега населението брои околу 80.000.