Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинска црква, која ја преживеа Втората светска војна, уништена во руските ракетирања

/

пред 760 дена

Сподели преку :

Војната на истокот од Украина не престанува да беснее.

Украинците ги очекува уште една трета тешка зима. Руската армија ја уништува цивилната инфраструктура за да ја ослабне земјата енергетски и да изврши притисок врз населението.

Но во овие напади не често страдаат и стари христијански храмови.

Таква беше судбина и на црквата во Авдиивка во Доњецката област, која успее да ја преживее втората светска војна но не и рускиот воздушен напад.

Огромната дупка на куполата, уништувањето на објектот, сведочат за суровоста и разорната моќ на руските бомби.

  • Уништувањето на црквите започна во Авдиевка, нашата родна црква во нашиот роден град. Сега е погодена и целосно уништена црквата во селото Новоекономичне. Мештаните велат дека оваа црква ја преживеала Втората светска војна – но била уништена од руската армија – изјави Генади Јудин Мајор на специјалната единица бели ангели

Припадници на специјалната единица  на Украинската полиција “Бели Ангели” задолжени за евакуација на цивилите од линијата на фронтот, при обиколка на теренот влегоа во објектот во кој владееше мртва тичина.

Ушите ги параше звукот на крцкање на искршено стакло.

Оваа  црква, стара повеќе од 100 години не е прв уништен верски објект ,од почетокот на војната во 2022 година. Досега според Украинскиот религиозен центар низ земјата уништени се 630  верски објекти од кои само 110 во Доњецк.

Во жестоките секојдневни напади во Доњецк беше урната и висококатница , а минатата недела во Харков беше ракетирана станбена зграда во која беа повредени 30 лица.

Украинските власти постојано апелираат до своите сојузници да им обезбедат повеќе противвоздушни системи за да можат да ги одбранат цивилите од честите руски напади.

Паралелно Киев бара дозвола и за користење на западното оружје за напад длабоко на руска територија што ќе им овозможи да ги уништат руските бази од каде непријателот ги изведува овие бомбардирања.

Зеленски претходно се пожали на спора испорача на ветеното оружје. Рече дека иако требало да добијат опрема за 14 нови бригади, до нив пристигнала воена помош за едвај четири.

Поради тоа, тврди, Украина трпи големи воени загуби.

 

Мартин Трајчевски