Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украински аналитичар: Мировните преговори Русија – Украина се претстава за Трамп

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Новата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина што треба да се одржи во Истанбул денеска е само „претстава за еден гледач, за Трамп“, вели украинскиот аналитичар Олех Саакјан. Според него во Истанбул нема вистинско донесување одлуки од страна на Русија, бидејки таму нема луѓе кои се способни да ги донесат.

-Неопходно е да се разбере дека истанбулскиот формат не е класично преговарање, туку повеќе личи на консултации за започнување преговори. Русите сакаат да го гледаат како преговори и затоа велат дека постојат јасни директиви, меморандум итн. Украинската страна тврди дека преговорите можат да се одвиваат само меѓу лидери, бидејќи само Путин одлучува за ова прашање, но самите овие консултации и овој формат продолжуваат како претстава за еден гледач, за Трамп, изјави Олех Саакјан- украински аналитичар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, ќе ја предводи украинската делегација на разговорите. Тие ќе бидат фокусирани на размена на затвореници, депортирани деца и евентуално прекин на огнот. Средбата ја потврди и Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Навистина, нашата делегација замина за Истанбул, таму се планирани преговори за вечерва. Ова ќе биде третата рунда директни руско-украински преговори. Прашањата што ќе се дискутираат ќе бидат првенствено поврзани со нацрт-меморандумите што ги разменивме за време на втората рунда. Исто така, ќе има разговор за продолжување на многу важниот процес на меѓусебна размена, изјава Димитриј Песков-портпарол на Кремљ.

Саакијан пак очекува фокусот на разговорите да биде ставен на повеќе размени на затвореници, како приоритет за Украина.

-Во Истанбул нема вистинско донесување одлуки од страна на Русија, нема луѓе кои се способни да ги донесат. Овој формат е имитативен, Русија одложува време и добива време имитирајќи ја својата конструктивност за да не се интензивираат санкциите, со цел да ги дезориентира групите за поддршка на Украина, со цел да создаде различни пораки, вели аналитичарот.

Украина и Русија започнаа директни разговори за прв пат по повеќе од три години во мај. Досега, разговорите резултираа со размена на воени заробеници, а неодамна беа ослободени војници под 25 години и тешко ранети борци.

 Кристина Кузмановски